Оризник со домати, лесен и вкусен ручек за целото семејство

– 200 г ориз Сончева Долина
– 600 мл вода
– 1 црвена пиперка
– 1 зелена пиперка
– 1 главица кромид
– 2 средно големи домати
– магдонос Сончева Долина
– сол Сончева Долина
– црн пипер
Во тава на загреано масло се пржат ситно сечканиот кромид и пиперките. Откако кромидот и пиперките ќе омекнат, се додава да се запржи и оризот. Се налева со зовриена вода, се додава сол, магданос и црн пипер, се меша и се остава да врие на тивок оган. Кога оризот ќе биде полусварен, се додаваат двата рендани домати, се промешува и се остава да испари водата и оризот да се свари.
Компир салата со леќа

– 800 г компири
– 150 г леќа Сончева Долина
– 3 чешниња лук
– 1 лажица ким
– 3 лажици лимонов сок
– 3 лажици масло за јадење
– 1 јаболко
– магдонос Сончева Долина
– сол Сончева Долина
– црн пипер
Леќата се мие и се става во тенџере да се вари на умерена температура половина час. Компирите се варат со лушпа. Се сечка лукот и се пропржува на загреано масло. Кога компирите ќе бидат сварени, се лупат и се сечкаат на поситни парчиња. Леќата се цеди во цедилка. Во сад за салата се става исечканиот компир, се додаваат леќата и лукот. Се зачинува со лимонов сок, сол, црн пипер, магдонос, излупеното и на коцки исечкано јаболко и лажица ким.
Пченица

– 500 г пченица Сончева Долина
– 200 г шеќер
– 100 г шеќер во прав Сончева Долина
– 200 г мелени или сечкани ореви
– 1 ванилин шеќер
– 2 л вода
Пченицата се вари со околу 2 литра вода. Откако ќе се свари, половина се става во блендер и се пасира. Се враќа во тенџерето и се додаваат шеќерот, мелените ореви, ванилата и добро се измешува. Откако ќе се олади, се посипува со шеќер во прав.
Салата од грав и маслинки

– 500г грав Сончева Долина
– 100г зелени маслинки
– 1 главица кромид
– 1 чешне лук
– 1 лажица шеќер
– 3 лажици балсамиран оцет
– сол Сончева Долина
– црн пипер
– магдонос Сончева Долина
Кромидот и лукот се сечкаат на мали парчиња и се пржат во загреано масло. Маслинките, без семки, се сечат на крукчиња и се додаваат кај гравот кој претходно е сварен. Се додаваат испржените кромид и лук. На крај се додаваат шеќерот, солта, оцетот, магдоносот и црниот пипер и сè се меша убаво.
Чоколадни пуканки

– 100 г пуканки Сончева Долина
– 1 лажица масло за јадење
– чоколаден или овошен прелив
Посна торта со пченичен гриз и кокос

– 1 л вода
– 450 г шеќер
– 200 мл масло за јадење
– 400 г пченичен гриз Сончева Долина
– 100 г кокос Сончева Долина
– лешници или ореви сечкани
– лажица какао Сончева Долина
Водата, шеќерот и маслото за јадењето се ставаат во сад на оган и откако ќе зоврие постепено се додава гризот и се непрекинато се меша. Згуснатата смеса се става настрана и се дели на три дела. Во едниот дел се додава кокосот, а во другите два какаото. Во сите три дела се додаваат сечкани лешници или ореви. Се формира торта додека е топла смесата. На рамна површина се става една половина од кафеавиот дел, се додава делот со кокос и на крај другиот дел со какао. Се посипува со сечкани ореви или лешници. Се става во фрижидер за убаво да се стегне смесата.
Саламки со кокос

– 250 г шеќер
– 150 мл вода
– 200 г маргарин
– 300 г мелен кекс
– 300 г мелени ореви
– 100 г чоколадо за готвење
– 2 лажици какао СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 2 лажици рум
– 100 г кокос СОНЧЕВА ДОЛИНА
– лимонов сок СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 100 г шеќер во прав СОНЧЕВА ДОЛИНА
За филот:
– 100 г шеќер во прав СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 100 г кокос СОНЧЕВА ДОЛИНА
– лимонов сок СОНЧЕВА ДОЛИНА
Сè се меша добро и се нанесува на претходно развлечената кора. Со помош на фолијата се витка ролат и се остава во фрижидер да се стврдне. Откако ќе се олади, се сече на парчиња.
Баклава виткана со афион и суво грозје

– 500 г кори за баклава
– 250 г шеќер
– 5 јајца
– 1 прашок за печиво
– 300 г мелен афион
– 250 мл масло за јадење
– 200 г суво грозје СОНЧЕВА ДОЛИНА
за шербет:
– 750 г шеќер
– 500 мл вода
– 1 лимон
Во длабок сад убаво се мешаат јајцата и шеќерот, потоа се додаваат мелениот афион, 50 мл масло за јадење и прашокот за печиво. Се земаат две кори, горната кора се премачкува со филот од афион и се става една лажица суво грозје. Се витка во ролат и се сече на парчиња, се реди во тава за печење премачкана со масло. Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори и филот. Се попрскува со преостанатото масло за јадење и се пече во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени. Откако ќе биде испечена, се остава добро да се излади. Се подготвува шербет од шеќерот, водата и рендана кора од лимон и баклавата се попарува со врелиот шербет.
Кифлички со сусам

– 1 кг брашно
– 600 мл млеко
– 1 квасец
– 50 мл масло за јадење
– 1 лажица сол СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 1 лажица шеќер
– 3 јајца
– 100 г сусам СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 150 г маргарин
Солени палачинки со пченкарно брашно.

– 300гр пченкарно брашно Сончева Долина
-500гр млеко
-3 јајца
-1 лажиче сол Сончева Долина
-малку масло за пржење
Во длабок сад го ставаме брашното солта и го додаваме млекото. Промешуваме со лажица смесата убаво да се соедини. Во друг сад ги кршиме јајцата и ги матиме со рачна маталка убаво да се разредат и ги додаваме во садот со брашното и млекото, убаво мешаме смесата да се соедини. Оставаме смесата да одстои околу 20 мин. Потоа во тавче со малку масло ги пржиме палачинките од двете страни.
Напомена:
Смесата треба да е густа како и обичните палачинки. Доколку е погуста додадете уште малку млеко. Во текот на пржењето ако смесата повторно се згусти (бидејки пченкарното брашно набубрува) додадете уште малку млеко. Палачинките исто така можат да се направат и со вода.
Пирошки

– 500 мл млеко
– 200 г брашно
– 50 мл масло за јадење (за во тесто)
– 100 г лебни трошки СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 200 мл масло за јадење (за пржење)
– 5 јајца
– сол СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 200 г шунка
– 100 г сирење
– магдонос СОНЧЕВА ДОЛИНА
Три јајца се матат со малку сол, се додаваат млекото, брашното и 50 мл масло за јадење. Сé добро се изработува за да се добие кашеста смеса како за палачинки. На тава за палачинки се пржат палачинките и се ставаат на плитка чинија. Откако сите ќе бидат испржени се тргаат настрана да се фил од шунката, исечкана на коцки, сирењето, изрендано или згмечено со виљушка, едно јајце и магдонос. Добро се измешува и се започнува со филување на палачинките. Се става од филот и се распоредува по целата палачинка. Се витка во ролат, а страните се преклопуваат за да не истече филот. Пирошките се топат во едно изматено jајце, па во лебни трошки и се пржат на загреано масло. Се сервираат со павлака.
Ѓевречиња со бело вино и шеќер во прав.

– 500 г брашно
– 1 свеж квасец
– 3 јајца
– 250 г шеќер во прав СОНЧЕВА ДОЛИНА
– 1 лимон
– 100 мл млеко
– 100 мл бело вино
– масло за јадење
Квасецот се раствора во малку млеко и се става во припременото брашно, млекото, јајцата, виното, лимоновиот сок, јајцата, виното, лимоновиот сок, ренданата лимонова кора и 2 лажици шеќер во прав. Сето тоа се меси додека не се добие мазно тесто. Тестото се остава да стои за да нарасне. На работна маса тестото се сука во кора со дебелина од половина сантиметар, па со кружен калап или со чаша се сече круг, а со мала чаша се вади внатрешниот дел и се добива ѓеврек. Готовите ѓевречиња се пржат во врело масло. Кога ќе бидат испржени се вадат на хартиени салфети да се впие маслото. На крај се редат во чинија за сервирање и се наросува шеќер во прав.
Бисквит торта

– 1 кг бисквити Петит Бер Винчини
– 1 л млеко
– 100 г густин Сончева Долина
– 3 лажици какао Сончева Долина
– 200 г маргарин
– 300 г мелени ореви
– 1 чоколадо за готвење
– 500 мл слатка павлака
Пире со плескавици со гарнир од зеленчук

– 100г пире Сончева Долина
– 5 готово припремени плескавици
– 250 мл млеко
– 250 мл вода
– 100 г маргарин
– зачин
– сол Сончева Долина
– црн пипер
– магдонос Сончева Долина
– 1 пакување замрзнат зеленчук
Плескавиците се пржат и се оставаат настрана. Млекото, водата и маргаринот се зовриваат, се додава пирето и тоа постојано се меша. Кога пирето ќе ја добие посакуваната густина се трга од огнот. Во друго тенџере на оган се подготвува замрзнатиот зеленчук. На врело масло за јадење се истура содржината од замрзнатиот зеленчук, се запржува и се налева со еден филџан вода. Потоа се посолува, му се додава зачин и црн пипер, се покрива со капак и се остава да динста на тивок оган околу половина час. Вака подготвениот зеленчук се служи како гарнир на пирето и плескавиците.
Полнети бабури

– 12 пиперки бабури
– 300 г мелено месо
– 250 г ориз Сончева Долина
– 1 глава кромид
– 2 моркови
– зачин
– магдонос Сончева Долина
– сол Сончева Долина
– црн пипер
– масло за јадење
– 2 – 3 домати
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица брашно
Кромидот и морковите ситно се сечкаат и се ставаат на загреано масло да се пржат. Кога ќе омекнат, се додава да се и пржи меленото месо, потоа се додава оризот и се зачинува со зачин, магдонос, сол и црн пипер. Се налева со еден филџан вода за оризот да омекне. На пиперките им се отстрануваат рачките и добро им се чисти семето, се мијат и од внатре и од надворешната страна. Кога филот е готов, пиперките се полнат и се редат во земјена или огноотпорна тава, се налеваат со топла вода, одозгора се затвораат со парче домат и се оставаат во рерна да се печат. Кога ќе бидат при крај со печењето, се запржуваат на масло за јадење 1 лажица брашно, 1 лажица црвен пипер и рендани домати. Ова се додава кај бабурите и се оставаат во рерната уште 15 минути.