Името на брендот е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на Сончева Долина.

      Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Денес произведува  преку 1.000 тони производи годишно. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

      Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.

           Производите кои се произведуваат, пакуваат и продаваат под Сончева Долина се производи што во целост ја имплементираат, поддржуваат,  и спроведуваат на дело визијата и мисијата на Макпрогрес.

       Успехот на компанијата е резултат на постојано унапредување на производството и рецептурите, примена на најсовремена техника и технологија и имплементација на меѓународни стандарди. Макпрогрес ДОО е прва компанија во Република Македонија која основа бренд за пакувани основни намирници во земјава, кои претходно се продаваа само на размер на пазарите.