ЗА нас
Почетоци
-Во 1998 година се лансираше брендот Сончева Долина а неговото ширење на асортиманот на производи трае и до ден денес.
Развој
-Во 2003 година се инвестираше во објект и опрема за процесирање и пакување на ориз и други зрнести земјоделски производи од брендот Сончева Долина
Промоции
-Промоција на готвачот во јуни 2012 „Вкусна инспирација од Сончевата Долина“ во издание на Костадинка Цветанова.
Под зраците на утринското сонце секоја капка роса отсјајува како бисер од највисок квалитет. Природната хармонија на долината ја нарушуваат ветрецот кој нежно ги милува класјата од оризовите полиња и симфонијата жаби кои без престан се радуваат на долината, на богатството од флора и фауна, на богатството кое природата го истурила на ова парче земја. Со над 280 сончеви денови годишно, со специфична микро клима која е погодна за производство на земјоделски зрнести и други рано градинарски производи го прави Виничко-кочанското поле со гордост да го носи епитетот СОНЧЕВА ДОЛИНА.
120
РАЗЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ
1000 тони
ГОДИШЕН КАПАЦИТЕТ НА ГОТОВ ПРОИЗВОД
Високиот квалитет на производите кои се произведуваат во Сончевата долина, природните услови како и употребата на најсовремената технологија за класифицирање, селекција, чување и пакување, ги прави овие производи посакувани и со екстра квалитет. Гамата на производи на Сончева долина се надополнува согласно потребите и барањата на потрошувачите.
ДАЛИ САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА?
Гамата на Сончева долина ја сочинуваат висококвалитетни зрнести и прашкасти производи но и сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат и во домаќинствата и во прехрамбрената индустрија и при подготовка на солени и слатки јадења. Едноставно нема ден без да се употреби барем еден од производите на Сончева долина.